преземе (гл.) - соодветен (прид.)

Вам секако Ви е познато дека овде во Софија деновиве се основа Македонско научно-литературно друштво: Вистина, засега околу него се собраа десетина луѓе, но ако не се преземат соодветни чекори и не се протера Крсте Мисирков од Бугарија, тоа за кусо време ќе го опфати грото од македонската бројна емиграција…
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас некого запамтив, па дури и сега гледам смеа и подбив во некои очи и нека бидат сигурни дека ќе бидат преземени соодветни дисциплински мерки, а можеби, дури и многу строги.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во согласност со закон, заради отстранување на утврдените неправилности, инспекторот има право и обврска на субјектот на надзорот: 1) да му укаже на утврдените неправилности и да определи рок за нивно отстранување; 2) да му нареди да преземе соодветни мерки и активности во рокот кој ќе го определи инспекторот и 3) да забрани работа во работна просторија, на дел од техничка технолошка целина, на одделно работно место или на орудие за работа (чл. 17, ЗИТ). 5.  Во судењето учествуваат и судии-поротници кога тоа е утвр- дено со закон (чл. 38, ст.3 од ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Секој може да бара од друг да го отстрани изворот на опасност од кој му се заканува позначителна штета нему или на неопределен број лица, како и да се воздржи од дејност од која произлегува вознемирување или опасност од 216 штета – ако настанувањето на вознемирувањето или на штетата не може да се спречи со соодветни мерки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Инспекторот е должен, на подносителот на барањето, да му достави писмено известување за утврдената сос­ тојба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот, на барање од заинтересираното лице, ќе нареди да се преземат соодветни мерки за спречување на настанувањето на штета или вознемирување, или да се отстрани изворот на опасноста – на трошок на држателот на изворот на опасноста, ако тој самиот не го стори тоа (чл. 143, ст.1- 2 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Инспекциска заштита, односно интервенција во согласност со одредбите на овој закон може да побараат и лицата пријавени на јавен оглас заради вработување (чл. 16, ЗИТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После измената, надлежноста на инспекторот се продлабочува т.е. дополнително се дефинира и тој во согласност со закон заради отстранување на утврдените неправилности инспекторот има право и обврска на субјектот на надзорот: 1) да му укаже на утврдените неправилности и да определи рок за нивно отстранување; 2) да му нареди да преземе соодветни мерки и активности во рокот кој ќе го определи инспекторот и 3) да забрани работа во работна просторија, на дел од техничка технолошка целина, на одделно работно место или на орудие за работа. 87 88 Закон за инспекција на трудот; Сл. весник на РМ, 35/1997.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Закони за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, Сл. весник на РМ – бр. 136/11, 23/13, 25/13, 137/13, 164/13 и 158/14. 86 У.бр.255/2009 од 07.VII.2010; У.бр.160/2010 од 29.VI.2011; У.бр.213/2011 од 02.V.2012. 85 94 Со делегирањето на нови права на претставникот на работниците дојде до одредено подобрување на правата од работен однос, па така неговото право да разговара со работодавачот за потребите и проблемите на безбедноста и здравјето при работа беше заменето со правото тој да бара од работодавачот да преземе соодветни мерки и во таа насока да поднесува предлози со цел да се намалат опасностите за вработените и/ или да се отстранат изворите на опасностите. (чл. 15 од ЗИДЗБЗР/окт.11)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со новиот закон претставникот на вработените надлежен за безбедност единствено може да побара од работодавачот да преземе мерки за отстранување на појавите кои се опасни по безбедноста и здравјето на работникот, а потоа, доколку работодавачот не преземе соодветни мерки, да побара интервенција од надлежниот инспекторат за труд (чл. 42, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)