преземе (гл.) - некој (зам.)

Тоше, којшто, исто така како Толета, располагаше со добра физичка сила, се заврте да го види Толета и намисли да преземе некоја одбрана, но Толе го шибна со кундакот и тој тргна по другите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таков беше во животот, кога ќе преземеше некоја акција, првин добро ја обмислуваше, потоа дејствуваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога во овој закон е предвидено дека странка може да истакне одреден приговор или предлог или да преземе некое друго парнично дејствие додека тужениот на главната расправа не се впушти во расправање за главната работа, таквиот приговор, односно предлог странката може да го истакне, до почетокот на доказната постапка (чл. 282, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Странките можат да ги изнесуваат и своите правни сфаќања што се однесуваат на предметот на спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Секогаш треба да се преземе некоја одговорност (етичка или политичка), треба да се превладеат спротивставените одредби и формата на апорија со некој тип искуство на неможното, бидејќи, во спротивно, примената на правилата од страна на свесниот и на себе истоветен субјект, кој објективно секој поединечен случај го подведува под општоста на одреден закон, ќе води, напротив, кон неод­говор­ност, ако не и кон неверојатната единственост на одлуката што се донесува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како да им се одолее на униформирањето, хомогениза­цијата, културалното или јазично-посредувачко изедначување, на поредокот на предочување и на една неверојатна исплатливост?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)