предизвика (гл.) - и (сврз.)

Макар што беше еден од главните издавачи на сп. „Лоза”, потоа се занимаваше со историјата и археологијата на старото бугарско ханство што ја предизвика и реакцијата на Мисирков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Салиери не е ниска душа: потребна е гордост, не за да му се биде љубоморен на Моцарт, туку за да се предизвика и да се праша Господ: без да се залажуваме, зошто не сум Моцарт?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
XI Кога најмногу претпоставував дека ќе го предизвикам и задржам интересот на Елен Лејбовиц за темата на која ме поттикнуваше да ѝ пишувам толку многу, таа ме изненадуваше со својот одговор, пишувајќи ми за нешто друго, трето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Некоја од нив се закануваше дека ќе ги запали сите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нејзиното врескање предизвика и други жени да урлаат, да плачат, или да се смеат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така, тој на сите им кажа дека е подготвен да ја сподели одговорноста за војната што не ја предизвика и за мирот што е подготвен да им го донесе. Само ако влезе во власта.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
91. Иако имаше силни манифестации на македонската национална свест уште од половината на минатиот век, сепак 1890 год. претставува значаен меѓник во македонскиот национален развиток, бидејќи тогаш најизразито се почувствува активноста на туѓите националистички пропаганди и настана нагло и моќно раслојување на поранешната единствена народна маса што предизвика и најсилни бранувања сред македонската интелигенција за отпор против туѓинците и за народно единство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)