предизвика (гл.) - страв (имн.)

Нивната појава денес во селата на Западна Македонија предизвикува страв и трепет...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нивната нарушена безбедност предизвикува страв кој пак, го доведува до душевна слабост.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А веднаш крај нив кулоарските еминенции, перфидните „византијци“ кои предизвикуваат страв, налик на господинот Џемперко со кого нѐ плашат дека ќе ни биде претседател ако не бидеме добри. И тоа е целиот јавен живот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Според тоа, unheimlich треба да биде израз за она што кај човека предизвикува страв токму заради тоа што му е туѓо и непознато.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Изгоревите и полуурнати куќи при влезот од селото, во бледата светлина на месечината, кај него предизвикаа страв и ужас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)