предаде (гл.) - свој (прид.)

Му предлагале да ги предаде своите, да се здружи со Ѕацеските, Вуѕеските, и Трпкоските од Тополчани и со Ржаникоските од Тројкрсти и заедно со нив да поведе српска чета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Михаил убаво ги слушал, но во еден миг рипнал, го измолкнал маликерот од под перница и им заповедал Никој да не мрдне, секој да остане каде што седи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Србите им ги предадоа своите интереси во Македонија на свои конзулства и генерални конзулства.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На свирепиот султан Мурат IV му предал свој меморандум составен од 21 поглавје за спасување на државата од декаденција, од рушвети, од грабежи и измами, кои станале обичај, уште и алкохолизам и дроги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можел, не смеел! Тој миг можел да се нарече самоодрекување на поет и песник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И Лозан Перуника се вратил од почва на гримизна топлина во зелен свет на стварност, не за да го предаде својот сој и неговиот нагон туку да го надрасне густото шепотење на крвта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зарем Бургиба ја немаше историската шанса, како и многу други владетели, да ја предаде својата мисија, раководењето на Републиката, на друг владетел, почитувајќи ги демократските принципи, со кои се раководеше тогашна Француската република, чиј ученик беше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше предвидено веднаш по мене, тој да ги предаде своите акредитиви.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Позната е неговата изрека дека народот е како прашина која се движи како што тој ќе дувне.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Толку е почовечки да се предаде својата судбина, својата желба, својата волја во рацете на некој друг. 68 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)