прегори (гл.) - од (предл.)

О, тие вити танчери што прегореа од мрак. О, тие чудни девојки, што исчезнуваат без трага...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На чорбаџиите снопјето им пуштија, — на кого од 6 на кого од 4, ретко на некој каде беше прегорено од 7—8 снопа кило, ама на сиромасите по Столови, Кула, Куша и други горски места — кој од 10, кој од 15; пусти Пуце ни од 20 не собра кило.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)