превртува (гл.) - око (имн.)

Клоца со копитцата, кркори и полека ги превртува очите, се истегнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
(Доаѓа до Евто. Го прегрнува. Ги превртува очите. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Само ги превртувам очите и чекам да угаснам, да се наполнам со вода.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти и понатаму ги превртуваше очите…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ја оставив еднаш како крпа. Се заборава во кревет. Превртува очи. Ѝ се тресат колениците.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Јас си ги стискам забите, ги превртувам очите, си ја прелапнувам устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)