праша (гл.) - друг (прид.)

- праша другиот Турчин.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Гледајте да не куртулите од тие проклети комити!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Тоа грепкање - канџи на стаорци по скршено стакло?!, прашува другиот (црн итн. бог-пајак- матица).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- А онаа прикаска за мртовците што си ги видел да оживеат? – го прашува другиот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Не, вистина, на што ти личам?“ праша другиот; место да одговори, праша, сфаќајќи дека разговорот е до бесмисленост неповрзан: „Ја движи ли алкохолот раката што држи нож?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пред да одговори, заборави што го праша другиот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Заради жена?праша друг. Заради жена, му одговорија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Ни моите прашања?“ праша другиот. Не одговори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Ќе може ли? – праша другиот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Го прашав во себе што му е смешно.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Пари? Кај ќе ги најдеме? праша друга, ковчеста и подвиткана.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
К-к-к-а-ко? – што многу пати ги насмеваше агите. – Сите Мариовци се вакви како тебе, Трајко? – го праша еден од агите. – Тттакви аммми ккккакви – одговори Трајко, – лллуѓе сссо дддве очччи и дддве ушшшши! – И од такви плашит кадијата? – праша друг. – Шшшо пплашит кккадддијата ввваш?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Едниот го праша другиот: – Велиш ќе си достои кадијата на зборот? – Таман работа еден кадија да кршне – му одговори другиот. – Тогаш не за бадијала ја јадевме горештината летоска.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Знае ли некој за овој предавник? - татенцето ги праша другите деца.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Друго не остана ли за мерење, прашува другиот пријател.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- А како ќе се веселиме? - праша друга мравка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Прашај една, прашај друга и така ќе се научиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)