праша (гл.) - мајка (имн.)

- Што е? Што станало? - уплашено праша мајка му.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- А ти што направи? - праша мајка му.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Што учите? - праша мајка му. - Па... песнички... приказни... учиме да пишуваме бројки и сè што е потребно.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Ами како сакаш да го викам? - праша мајката.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Научи ли англиски, Севда, ја праша мајка ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
— Го праша мајка му со најнежен глас, трудејќи се макар со нешто да го одоброволи и расположи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Шо сакаш мајка да ти зготви, Толе? — го праша мајка му откако се прибра и тој крај оган.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- А каде е кожувот? - праша мајка им. - Го носи Митко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А потоа наеднаш почна да се смее.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„На жената од над амбисот мислиш?” праша мајка ми додека седнуваше да се потпише во бележникот на поштарот за примените пари.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неговата земја веќе десет години официјално беше Австралија, а македонски зборуваше само еднаш месечно, по телефон, кога во ниедно време меѓу денот и ноќта, заради разликата во времето, ќе се јавеше да ја праша мајка му како се.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Што е? Што се случило? Да не си сторила нешто?“ - ја праша мајка и. Малото девојче само нишна со главата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
- Ќе ти кажам, синко - му рекла - ами таксај ми се оти ништо не ќе му сториш на чоеко, да после ти го изваам да го видиш што чоек јет - му рекла мајка му.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Му смирисало на сонцеето на туѓ чоек и ја прашал мајка си: - Мори мајко, што ми мириса на туѓ чоек нешто куќава?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Зошто многу се задржа? - загрижено праша мајка му Анѓа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Од каде знаеш? - го праша мајка му.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- вчудоневидено праша мајка ѝ, гледајќи де во Марија, де во Елена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За да му даде друг тек на разговорот, Татко ја праша Мајка: – Кога научи да танцуваш?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Што ли ќе биде ова? - праша Мајка. - Се вестат, сигурно, нови времиња! - прошепоте Татко.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Што би правел? - праша мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Кој? - уплашено праша мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Ами ако дојде пешадијата? - праша мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- А другите селани каде се? - праша мајка му на Трајчета.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Штом тој влезе во затемнетата соба, каде што лежеше болното девојче, ги растрга пердињата, ги разотвори прозорците, без да ја праша мајка ѝ на Зорица.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- праша мајката, правејќи се дека не знае.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Кој е? праша мајката и се подигна. - Јас сум, Костовице, јас, Пандо. Како е, подобро ли му е?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ја праша мајка си: - Што е тоа пубертет: Таа се насмевна, го погали по главата и со прстот му го допре мозолчето што му беше излезено на челото: - Еве, ова е, синко, пубертет... - му рече.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Вујко ми, гордоста на семејството, за кој знаевме дека работи за некоја тајна, важна и добро платена служба, едно утро долго ме прегрнуваше. – Каде замина вујко? – ја праша мајка ми. – На пат ... ќе се врати, - одговори криејќи ги очите.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Штом почна да зборува, а почна до годината, и штом логички ги поврзуваше работите, таа ја праша мајка си Јас имам татко? а одговорот се стркала од устата на мајката Имаше, мила!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Како е Динче? - праша мајка му додека си туруваше и таа месо во својата чинија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дворот беше полн со цвеќиња и беше заграден со железна ограда со боцки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- А, ти, што ѝ одговори? - ме праша мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во полусон чув дека Кети ја прашува мајка ми: - Тетка Малина, Ведан ми раскажа страшна и необична призана за...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- А, сега понуваш ли полека да сфаќаш дека не е така? - ме праша мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Би останал? – праша мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Навистина? – се израдува таа. – Нема проблем, седи и слушај ме, така полесно ќе извежбам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Што дали си ти? Кич дете! – се изненади таа. – Кој ти го рекол тоа?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мила – ја замолив – стани сега и оди да вежбаш, да не те караат после, а јас ќе ја прашам мајка ти дали ќе ми дозволи да те слушам. - Сакаш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Никако! – одговори брат ми. – Јас тоа онака, само ви раскажувам, ама, ни кај нив, ни никаде не би живеел на друго место освен овде со вас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мамо, дали сум јас кич дете? – ја прашав мајка ми кога се вратив дома од „комплетниот пансион„ во Влае.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)