праша (гл.) - нешто (зам.)

- Томо, може ли да те прашам нешто? - овој пат беше повеќе од директна, мислејќи дека барем на овој пилиштарец може да му се обрати во прво лице.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Наседнаа меѓу комитите, и Пеце рече: - Дојдовме да те прашаме нешто, дедо Геро!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Да те прашам нешто, му велам. - Прашај, вели човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сигурно некои од војниците, си мислам, сигурно некој извалкан војник сака да праша нешто, да побара нешто.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Цела божја година ти поминала, небаре некој да те подзапрел на патон, да те прашал нешто и си заминал. Толку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сакам да го прашам нешто, ама не можам да се престрашам. Се ребрам само.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кладенчето си ромори, како и тоа да сака да праша нешто за мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Здравко сака да праша нешто, а јас и него не го оставам. И нему му ја затворам устата. 92
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Слушам: - Отвори, да те прашаме нешто. Ништо не ти правиме, слушам, само да те прашаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)