праша (гл.) - ме (зам.)

Како филозофи­јата или науката, и литературата не е просто една меѓу институциите; таа едновре­ме­но е и институција и анти- институција, на растојание од институцијата, на полето на аголот што институцијата го затвора со него самиот за да се оддалечи од самата себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дури и ако името на другиот не се споменува, тоа е присут­но, грголи и не го фаќа место, вреска понекогаш за да се наметне.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не прашувајте ме каква, бидејќи за тоа во оваа прилика не би зборувал, а, впрочем, тоа непрекинато се обидувам да го направам на друго место, во речиси сите свои текстови. 4Зошто литературата за вас беше толку значајна? 4Она што мене ме интересираше (но зошто ми сугерирате да зборувам во минато време?) беше чинот на пишувањето, или, претпочитам, бидејќи во целина и не станува збор за чинот, искуството на пишувањето: да се остави трага која се одрекува, која дури можеби и е наменета на одрекување од сегашноста на okno.mk | Margina #11-12 [1994] 33 своето изворно запишу­ва­ње, од својот “автор”, да се изразиме така фалично.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не прашувајте ме, на споредниов пат од сите тие споредни патишта, зошто Хајдегер, кој целиот живот го читаше Екхарт и го сметаше за учител, никаде не го споменува ниту обрезувањето ниту Мајмонид - тоа е друго прашање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мене не прашувајте ме за неа.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ама Петре спремно одвали: „Бујрум, бегу ефенди, прашај ме што сакаш!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
СПИРО: Ако сакаш инаку да зборуваш со него, треба да се опијаниш, златен.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Прашај ме мене за тоа, зашто паталец, гаталец. Туку има еден лек.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПАНДЕ: А, за тоа ќе ви кажам! Вие само прашајте ме мене!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Селските работи јас не ги разбирам. А за гората, само прашај ме.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дури и за облеката што ја носеше во тој момент Катерина знаев сѐ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не прашувајте ме зошто и како.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Прашај ме како оди возот без да го теглат биволи ќе молчам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не прашувајте ме колку камења откорнав, додека стигнав.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ако нешто не ти е јасно, прашај ме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И не прашај ме - зошто? (За првпат скршен, сиот во неа.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Прашај како ми е мене? Прашајте ме, има ли некој да ме праша мене?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)