праша (гл.) - каков (зам.)

— Јас не можа без шума, — му одговори на началникот, кога овој го праша каква служба сака да му даде кога веќе се посрби“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можеме ли да прашаме какви се новите насоки и истражувања на творците?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не сакав да го прашам какви се неговите планови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И повторно некој ја уништи сета сериозност на дискусијата кога праша каква потреба има да се пишуваат такви описи на влакнести или голи тестиси.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А тој ме прашува каква сум во живо и сака да ме запознае.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тогаш таа ме праша каква врска има џезот со еден Македонец?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Царот праша каква нужда има од сето тоа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во ноздрите ми се стврднуваше врел воздух.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никола спомена болест што доаѓа кога човек ќе се најде под игли на темнолилав дожд среде планина, нешто што е и мраз на коските и срам на слабост во месото, но јас, како да не сфаќав за кого се говори, не прашав какво име има таа болест и која света трева ја извлекува со пот од болниот, ти велам: бев само сам, самјак, осаменик, се грчев под тежина и се сеќавав на жената што ме најаде или се обиде да го стори тоа пред да ѝ го видам грбот во отворената врата на собата во која се влегуваше преку чардак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа беше исто како кога некого одненадеж ќе прашате какво му е броилото на часовникот: со арапски или со римски цифри, во која боја?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Откако ѝ се наруши здравјето веќе не се качува на Водно, па ме прашува какви се, колкави пораснале и шеговито ми порачува - да ги поздравам.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ќе ти дојде да побараш цигара или оган, да прашаш каква манџа јадат, за човечки работи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)