праша (гл.) - ги (зам.)

Ако не сте сосема сигурни која е омилената комуникациона метода на вашата “публика” (претпо­ста­вените, подредените, клиентите итн.), прашајте ги.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Обидете се да ги разберете комуникационите потреби на целната група исто како и на еден посебен човек.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Можеби вашиот шеф наутро е чист благород­ник, во текот на денот кај него се појавува една сократска црта, за да на крајот од денот, кога полека ги губи нервите, пак стане благородник.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
-„И знаеш ли што е тоа љубов?“ Прашај ги обичните луѓе. -„Тоа е тага, тоа е само тага.“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Додека трчам кон твоите прегратки чукањето на моето срце се зголемува правопропорцијално со восхитот и воодушевеноста конечно да ѕирнам во деликатната и сензитивна тајна на твојата душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Пронајди ги оние од кои потекнува оваа технологија, и нив прашај ги.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Па несреќниот баварски крал Луј Втори?! Само прашајте ги Баварците.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Нашиот следен одговор мора да биде постручен: Дојди до изворот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Свињо ... Поарно прашај ги ѓаурките со оторбешени боски како се виткале под мене на асури од блатишните трски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Остави ја Јага. Прашај ги сестричките кај ти се значките од доброволните младински акции.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Оди, прашај ги, и Каплан-паша и санџак-бегот, дали не е поканет да дојде во бањава и ќајата од Ајдинци.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Не сме запознати, велат, прашајте ги оние онаму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Спомни им го Умберто Еко (Umberto Eco) и прашај ги, потоа, своите студенти за првиот наслов што го поврзуваат со неговото славно име.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со Шон Конери (Sean Connery) во главната ролја, се разбира!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со години се обидувам да се доберам до една од нив (веќе спомнатите Пријатели, објавени во 1986 година), бидејќи навистина би сакала да си ја имам дома.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Си запали и тој свеќа на сите три светилника, се прекрсти по христијански обичај и излезе заедно со старците, та поддена разговор пред црквата, прашајќи ги отворено што мислат за опсадата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Прашајте ги луѓето од овие куќи. Тие кога копаа темели за куќите, велеа дека наоѓаа коски.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Прашајте ги. Можеби под нивните куќи се гробиштата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Другиот прифатува: - И кажи му на кметот од нашето село да не се грижи за нас оти знаеме ни пцуел мајка партизанска и потскажувал па Тодора и Јована ги тепале ги ставиле во окови а со нив и мојот старец прашај ги твоите војничиња мајмунчиња како ги дочекавме на Момино Брдо и како бегаа од нас...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Подобро прашајте ги оние кои плачат од среќа Трчајќи кон шкафчето со апови за лесен сон. (Убиецот со насмевка и насолзениот убиец Имаат ист ракопис и ист потпис).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Еве прашај ги децата, рече Пеце. – тие сите пасат туѓи волови, а јас само нашите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Прашај ги другарите од градот, не прашувај нѐ нас“, му рекол гостилничарот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Прашај ги колку заработуваат за една ноќ.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Зависи од тоа колку брзо вози брат ти, одговараат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Побрзај, душо, времето е пари, обично му велат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)