прати (гл.) - со (предл.)

И сѐ очите му беа во малата Анѓа. – Ете, да не ни го грабнеа Ѓелета, сега ќе си го пратев со бацка му овчар; да не ни го грабнеа Ѓелета, сега ќе ни помагаше на снопјето врзување, на жниење, на вршење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но ја видов крај реката со здолниште над коленици, блузонот со длабоко деколте, ги отскриваше како бели јарки, нејзините сентименталности пратени со петинг.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Зедов една влечка, ја сликав со мојата полароидна камера и сликата му ја пратив со поднаслов „Еве ти мачка за твојот стаорец“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ах мој ти ме сју ти зи, Ки’ ке бузен си ќерши, Е, еја, еја те лој, Се ти зембрен ма мори!... (По завршувањето на песната, која Илија ја прати со големо интересирање, му ја изкривува капата на Арнаутикот над око и кон останатите Арнаути од каде што доаѓа гласот): ИЛИЈА: Рофш!... Рофш!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)