прави (гл.) - секогаш (прил.)

Не отидов во неговата соба, како што правев секогаш кога тој беше дома, ниту пак тој дојде да ме побара, како што правеше кога немаше сама да му потропам на вратата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На еден камен како столче се качив и го достигнав ѕвончето.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Така прави секогаш кога се подготвува за излегување.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Разгледав насекаде наоколу внимателно, тоа го правев секогаш кога бев на стража.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој ден од сѐ ми се гадеше, од водата и храната, од моето тело, од зборовите, и од воздухот, што со некаква одбивност го вдишував во тенки голтки и брзо го испуштав, и чекав колку што можев подолго до следното вдишување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така правеа секогаш кога ќе дојдеа тука по неколку месеци преку летото и тогаш си живееја само за себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сакаше и други работи да му кажува на дедо Костадин за себе и за Димостена, а и за тоа дека не знае што да прави откако ќе го положат во црната земја, да ѝ јавува ли на баба Петра дека овој пат нема да дојде при неа тој како што правел секогаш кога скитнувал по светот или таа веќе знае што се има случено тука?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Не лутете се, - рече таа, - некое време ќе останете без приказните за заспивање, зашто ќе морам да го пишувам романот, а потоа ќе го правам секогаш откако ќе си легнете. Време за губење немам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)