прави (гл.) - ист (прид.)

Секој ден, само скришно од него, издемнувајќи го моментот кога не можат да се сретнат, го правеше истото тоа и Пискулиев.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Никогаш песните на Анте Поповски не примиле толкава слабост, но и не покажале толкава доблест достојно да ја признаат и пречекаат, токму неа, слабоста што нѐ прави исти и еднакви со себеси.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Здружена си со другите, толку пати те знаев инаква и поради тоа те сакав, веќе три или четири пати ја правиш истата работа, што ми вреди ако од време на време ќе ѝ удоволиш на мојата желба ако на крајот испадне вака, треба да те гледам со патеци во очите, низ прстите ти тече сивата вода, ме гледаш без зборови.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И тие мора да го прават истото.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Очигледно и тие го прават истото.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дури и во лето го правев истото.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Постарото, машкото, ја наследи вообразеноста, гордоста, суетата и тврдоглавоста на таткото, па како што растеше, сакајќи да докаже дека е поинаков, постојано ги правеше истите грешки што ги правеше и татко му.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Па, Исак, види, јас ќе морам да излезам, имам некои други работи да завршам, имам состаноци еден куп, не можам глава да кренам, види ти што сака таа жена, сослушај ја, запиши, направи да изгледа како да ѝ даваш некој совет, не објаснувај премногу со што се занимаваме, не ѝ давај ниту некаков конечен одговор ... но, знаеш ти како треба, веќе сто пати си го правел истото... биди нежен, ајде, умееш ти со жените, знаеш како да ја сослушаш, знаеш како да ја погледнеш и таа веднаш да се окуражи...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како илустрација, дозволете ми да ги споредам овие два елементи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Компјутерските фонтови ја прават истата работа во дигитално-семиотичкиот свет којашто HTLM ја прави во виртуелниот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На тој начин и овој табур напредуваше и ги зазеде селцата Манастир и Мелница, ги ограби, и кога дојде до Витолишта, го најде во него скопскиот бег со илјада души сила кој го правеше истото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Десно од мене беше Бошко, од моето село, ја сврте главата, не му беше мило, во вакви случаи често сум го правела истото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Командирот нареди: Стојан, дај ѝ на Милка еден партизан за да не оди сама. Стојан ми викна: Земи кого сакаш.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Луѓето ги прават истите работи само зад отворени прозорци и во широко распосланите дворови.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)