прави (гл.) - со (предл.)

Тики му пали, а потоа се наведнува, зема едно каменче и го гаѓа Беки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тики: Мислам дека е најодвратен! (Беки погоден силно грокнува и отрчува во аголот) Што ќе правиш со нив?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа го прават со необично задоволство зад кое се крие, угриз на бесно куче.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А што ако ја фатеше? Што правеше со неа?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сигурно и вам ви е познат оној став што секогаш го користиме како изговор кога не знаеме што точно да правиме со себе и велиме „само малку, колку да утепам време“, а го кажуваме со длабоко потсвесно сознание дека „времето нѐ утепува нас“.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во Париз постои огромен прилив на нови жители, градот расте, но тоа се прави со една рамномерност.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Запалив цигара во движење, го почешав носот, ја почешав брадата. Не знаев што да правам со рацете.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Нѐ освести зората, нестрплива и гласна (сигурно и таа изгубила нерви) те фати под рака и одлучно те поведе оставајќи ми ги истутканите дипли на улицата, тешки, наводенети од вчерашното водопролитие. Таа знаеше што прави со рацете.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Тој тоа го прави со скриени намери во кои изненадувањето е проникливиот миг на раѓањето.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Ах, тој молив, човек во човека На Јован Павловски Кога ќе докрајчи моливот, кога ќе снема сили никакви траги да остави зад себеси, човек не треба ништо да му зборува, ништо да му доверува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Дури беше силен моливот - тој и душата своја ја пресоздаваше во значења и знаци и тој тоа го правеше со големи пориви, со голема жар: уште недозапишан претходниот - тој од твоите усни го читаше и поземаше веќе наредниот збор, го обликуваше покрај другите и им го оставаше во наследство на времињата и незнајното.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Понекогаш квечерум чистачот на чевли од Plaza de Armas седнат пред портата на својата розова куќичка под огромниот крст на врв рид ќе фрли поглед на параглајдерите над Мирафлорес - колку да им довикне на аздисаните туристи и авантуристи дека сѐ што лета не е кондор, ќе фрли поглед чистачот на чевли и кон сурферите кај Баранко - колку да им довикне на јавачите врз сопствените мечти дека баш во Баранко опирањето на застоеноста на живеачката се правеше со вина, песни и убави жени, а не со некакви пластични секачи на морските бранови.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Но мора да беше тој, зашто човечето си побара од наречената братучеда да го почести, па мајка му отвори една тегла со зашеќерено слатко и му ја тупна со забришана лажичка и чаша вода, токму онака како што правеше со окупаторските војници што ни упаѓаа дома како неканети гости и без збор благодарност или насмевка ќе ѝ ја вратеа теглата откако ќе ја испразнеа до дното, не задржувајќи ја ни за спомен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бојан не знаеше што да прави со рацете. Му трепереа. И забите му чукаа. Како да е сред зима.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Што да правиме со Кротка, дедо? - праша Бојан попладнето, кога се врати со срната од Заветна, каде што ја пасеше, држејќи ја врзана за јаженце.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со малку сиренце, она убавото, жежено што се вика, и што се прави со усвитени камења што се ставаат во овчо млеко, и со понекоја голтка водичка од стомнето, ги изедоа печените компири, убави, вкусни какви ни на царска трпеза не можат да се најдат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И во секојдневниот живот, состојбите на будност и конвенционално чиста свест се несомнено неопходни поради голото преживување во светот на бројни опасности коишто мораме да ги совладаме, да правиме со нив компромис или да ги заобиколиме.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ја бодреше. Ѝ правеше со ноктот пат низ песокта.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тогаш се разлути поп Цветан и му се развика на Јандрета, и им се развика на комитите, на војводите и на сите жители на Потковицата дека тоа што го прават со попот српски не било ни човечко ни божје, и дека тоа го правеле ѕверови а не луѓе, сеедно кој бил попот српски и што правел.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
После, ко се примири, поп Цветан побарал да го однесат умрениот на селските гробишта и таму да го закопаат, но му се спротивстави Михаил Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Што дека во војната, кога војската ги испусти лозјата и немаше ни вино ни ракија, се правеше со боза! не женеа?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Го паметам како добар човек и уште подобар шегаџија. Не знам дали неговите шеги беа толку шеговити и секогаш нови кога ги правеше со возрасните, но нас децата тој секогаш знаеше да нѐ изненади и да нѐ засмее до пукнување.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Понирала под земја и пиштела, се тресела и се превртувала, и пак не знаела што да прави со своите води.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Операта, поп-музиката, модата и стилот, архитектурата и дизајнот, печатењето, сликарството и ликовните уметности; заводливото за гејовите од британската култура, од француската култура, од арапската култура, од јапонската култура; дивите и нивните определителни одлики во разни национални контексти (Мексико, Аргентина, Франција, Турција, Израел, Египет, Либан, Јапонија); трачарењето, мрчењето и кампчењето; урбаноста, отменоста и духовитоста, дури и имањето домашни миленици, особено наклонетоста кон одредени кучешки и мачји раси: сето тоа треба да се опфати во кој било сеопфатен опис на тоа како да се биде геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секој пристоен приказ на машката геј-култура би требало да разгледа и да испита голем број нејзини особени практики, жанрови, општествени и естетски облици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А и сексот; што правиме со сексот?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Потоа од доверливо лице-тенеќеџија капакот на тенеќиите се затворал, како што тоа се правело со шарлаганот, и тие се праќале по железницата на определена адреса во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој раскажуваше, ние црвенеевме, а Берта Ауербах сигурно веќе имаше решено уште таа вечер да му каже на овој млад човек дека ја откажува нарачката за семејните портрети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој таа вечер раскажуваше бесрамни нешта, кои се премолчуваа во секој дом и во секое друштво кое не припаѓаше на самото дно на општеството; дури и кога пријателите на Берта се обидуваа барем малку да го насочат разговорот на друга страна, па го прашуваа за тоа каде ги направил првите слики по нарачка, тој зборуваше како на петнаесет години во некоја јавна куќа насликал неколку актови на ѕидовите, а потоа раскажуваше што сѐ правел таму освен што сликал; го распрашуваа кого портретирал изминатите години, а тој ги набројуваше портретите на сопругите на месарите, банкарите, докторите и професорите, и помалку зборуваше за портретите, а повеќе за тоа што сѐ правел со портретираните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Значи, со мавзолејот е готово. Што да правиме со Кремљ?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Бидејќи економските работи не се повеќе во наша надлежност, ние веднаш минуваме во областа на идеологијата, моралот и забавата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За себе си мислеше дека тоа го прави со бегањето, со тоа што знаел отсекогаш да се затвори во себе, да ги затвори сите врати, пред нешто, што не сакаше ни да го види, ни да го признае дека постои.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Она умирање, кога нема што да се прави со себе, сите го имале барем по еднаш во својот живот; разликата беше само во тоа што кај него сѐ беше неспоредливо поголемо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислеше на ловот, сега сосема поинаку, за миг губејќи ја од своите мисли сета таинственост, што ја имаше до вчера во односот кон него, а нешто што се изроди во сиот тој поминат ден во него, низ онаа проклета притивнатост во сѐ, што правеше со своите раце, и што мислеше со своите мисли, нешто како негов внатрешен отпор кон таа помиреност во неговите движења, го распалуваше во оваа квечерина и го правеше наострен и здивен за уште еден обид.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Паф, пуф, прави со устата. Го голта чадот Дуко Вендија и пак го испушта, го издишува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој пак не ме гледа, си го тера редот, фрп, фрп, прави со српот, наполни ја раката, остави ја на пологот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Туку, сега и тој не знае што да прави со Бугарите што се заборавија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
10. Јас не знам каде ми е некогашната а каде идната куќа, не знам има ли покрив над мојата глава, незнам каде со своето детство, со своите потекла, со своите јазици, не знам каде со својот хрватски, а каде со српскиот, словенскиот, и каде со македонскиот, не знам каде со српот и чеканот, каде со стариот и каде со новиот грб, каде со жолтата ѕвезда, не знам каде со мртвите, ни каде со живите, што ќе правам со минатото и што со иднината ... не знам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нејзината отвореност беше мала, кружна и речиси ненаметлива - слично на дупчињата за антена кои татковците ги прават со позајмени алатки, не сакајќи да повикаат мајстор.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
- А Шарлаган- кан? –праша еден момчак. – Што ќе правиме со него?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Под усвитен товар Капнати че збиваат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Пишпирик како да се зачуди: - Што ќе правам со сонцето?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Пееше пајакот со златна глава. Неговата песна гласно ја повторив и додадов: Слободата, Пајо, ни мавта со рака...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Ах, што да се прави со ова дете, не му иде умот... Не сфаќа...“ Се јадосуваше мајка му.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој беше свесен дека изборот на (безопасните) балкански ориентализми што го правеше со Климент Камилски, ќе можеше, покрај другото, да послужи за показ на балканските ориенталисти и балканолози да трагаат по тоталитетот на балканскиот историски процес што нему тешко му успеваше во неговата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нејзината рака помина по неговото рамо и се најде на алатот на Александар кој добро беше подготвен благодарение на она што дебелата Симона го правеше со своите пријатели.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Правете со мене што сакате!“ се дереше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие можеле да прават со вас што сакаат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден викенд отидовме во Маврово, во куќичката која ти ја правеше со голема љубов, со години, камен по камен, даска по даска.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во услови кога нашата економија беше, и сѐ уште е, во длабока криза и многу трговски друштва се затвораат, круцијален проблем претставува прашањето: што да се прави со работниците од компаниите што се пред затворање?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сѐ, сѐ само што прават со бабата Бисера, се разбира, не ѝ кажа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Правеа со брата му Јована во турско време ќерамиди во Витолишча и добија пријатели. Каков поголем пријател можеше да има селанец од оној што го спаси да не ја менува секоја година сламата или 'ржањето на куќата и пак зиме да седи во виришта и мразурки на сред куќи?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сосема ретки се вонвременските сонови И нема вонвременски аршини Со кои да се мерат и да се толкуваат сните А секое толкување на секој сон Треба да се прави со многу дикат
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Кметот мрмореше правејќи со сила напори да ја фати мелодијата и да ги следи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
При штелувањето на мотор тој не го употребуваше светличкиот апарат. Тоа го правеше со помош на својот слух.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Ќе му однесам“, рече Марко, „само кажи му под сто кила не давам“. „Е, ебаго. Што ќе прави со сто кила?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мајка знаеше што да прави со цвеќето. Имаше сина вазна, донесена од Италија, при нејзиното единствено патување во животот со мажа си, спасена при напуштањето на куќата крај Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ја облекуваше, ја соблекуваше, ја капеше, ја чешлаше. Што ли не правеше со неа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Дури кога виделе дека ќе умре, му ја покажале и го прашале што да правата со неа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Најпосле мораше да ги земе парите држејќи ги в раце и не знаејќи што да прави со нив.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Гледате ли? А пак што сѐ прави со Зоки, тоа не може да се раскаже, умот ќе ви застане!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тој и не знаеше што да прави со радоста, кога ќе му наидеше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Со шумски јаготки во џебовите со здравец во мислите и планински воздух во срцата, ќе си направите ли муабет со овие стихови како што правите со буките и изворите Вие кои никогаш не сте ѝ биле туѓи нејзе, самата себеси што си е туѓа и заумна?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Што си правела со компјутерот! Сѐ си ми избришала!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Другарите не знаат што да прават со мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А не знам што да правам со радоста, кај да ја ставам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но што да правам со спиењето: само што си се завиткал и шпиончето ќе се јави: — Рацете горе, извади ги рацете!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Те држат како прогонета ѕверка, ништо да не можеш да направиш, а постојано да гледаш што се прави со тебе. „Според човекот и несреќата, велеше дедо, за секој друг човек, друга несреќа.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се думам што ќе правам со детето, а умот никако да ми погоди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас не знам што да правам со рацете: кај да ги држам, како да ги наместам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го спасивме Клевтис, но не знаеме што да правиме со народот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што да правиме со човеков, господе?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Што да правам со Горачинов, ќе ја прашам Оливера Поточка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Што мислите да правите со нас, прашувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но што да се прави со очајната непостојаност на народот?!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Шокот и тагата од смртта на милениците постепено беа заменети со загриженоста што да се прави со толку мртви пингвини.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Што да правам со куците? Тие не се способни ни за одење, а камо ли за трчање и маршеви...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Немичкиот јазик за кој овде станува збор се прави со додавање на „па“ зад секој слог. Така, јаболко на немички ќе биде „јапабопалкопо“ или книга-„книпагапа“.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Прави со мене што сакаш ... - Добро.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
ЕВТО: Што да правам со него! Носи го одовде! Ова е крај. Или ти или јас!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ПАРАСКЕВА: Очите ти се црвени како крв. Косата не си ја исчешлал со месеци. Ноктите орловски. Што правиш со себе?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
КИРО: Не потпишувам ништо. Што да правам со нив?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
По нивното заминување дворчето се прошири, се направи место и за Мурџо кој слободно се појави од зад куќи вртејќи со опашката и поздравувајќи се со Деспина и Роса со душкање за на крајот да се примири крај Пела дозволувајќи ѝ што сака да прави со него.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Што ќе правеше со него уште не знаеше баш најчисто, но нели беше спремен да направи муабет за тоа со ќајата, божем бара од него совет како од прв пријател.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Што е тоа?” „Рецепт. Лек за изгорено. Се прави со восок.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Петре пак се најде во чудо: што да прави со оваа незгодна жена?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако ѝ рече да си оди, таа ќе се врати, зашто и Амдие, Разие и Селвие трчаа по неа да ја прашаат што да прават со сланутокот, или дали е арно ралата, плуговите, дрвените лопати за веење, вилите, греблата и срповите да стојат на истите места како и порано.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За малку да не го посрамоти Петрета. Што да правеше со неа? Како да ја иставеше од пред очи?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зашто еве, и Евреиве ни ги полнат маалата. Со бродови и карвани од Дубровник, и тие, кутрите, божем бегајќи од Шпанија и Португалија одат за Солун, ама минувајќи низ Скопје, многумина и остануваат овде, кај нас. Што да правиме со нив?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)