прави (гл.) - претстава (имн.)

Далеку од тоа дека покажувале рамнодушност кон стварното страдање на стварните италијански вдовици и од тоа дека ѝ се потсмевале на болката на ужалените жени, италијанските вдовици од Фајер Ајленд правеле претстава што сведочела за нивната завист, за нивниот восхит и за нивната неостварлива желба да ги имаат престижот и социјалното признание – угледноста – на таа неспорно драматична, но сосема конвенционална и долгопочитувана женствена улога.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете, затоа не треба да им се лутиме на нашите театарџии кога ќе одлучат да не прават претстави во кои Дедо Мраз ги исполнува сите желби.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)