прави (гл.) - муабет (имн.)

Сулоага, со ќуркот на едното рамо, чибук од половина метро в уста, едвај го лапа ќилибарот, се шетка и прави муабет, де со еден, де со друг чорбаџија Распрашува за дома, за деца, за стока и за бериќетот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пискулиев си е малце женска Петра, тој и дома излегуваше често на порта и правеше муабет со жените.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таму мајка и баба им постелуваа. Со старичките си зборуваа македонски, а со мажите, па дури и со старците, освен едно калимера, не правеа муабет.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За сеирот којшто ќе ти го фаќаат и да не праиме муабет.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ми беше малку срам, незгодно, зошто не знаев какви луѓе се и за што треба да правам муабет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Нели правевме муабет и менаџерот рече дека му требаат девојки за таму.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Немав време да правам муабет со никој, немав време за ништо.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Излегов разочарана без да правам муабет со никој.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Па јас фатив да им правам муабет...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Обратно треба да се одбира од оние со и без деца - подобри се оние многудетните зашто се навикнати на бучава, викотници и кавги, па полесно ќе се прилагодат на тебе во твоите „блескави“ моменти, кога се „продераваш“ за нешто за кое само денес си убедена дека е така, а веќе утре не се ни сеќаваш што била темата, поентата и поводот, а за причината ич да не правиме муабет.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќе мораш да внимаваш со каков тон им се обракаш на твоите и на нејзините, а тоа ќе го вежбаш пред огледало, значи, ненавежбан нема да ги погледнуваш, а не да им правиш муабет, зашто секако ќе бидеш погрешно сфатен од сите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ама, уште еднаш не правиме муабет за ова!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Откога видел Силјан оти не веруваат, почнал да им кажува што му правел на татка си, како го поучувал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовникот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како правел муабет првата вечер у Аџи Кљак-кљак, како му прикажувал за старецот што го отепале децата и што колнал, како излегле двата извора од кога им изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патувал од штрковата замја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Гајле ми беше, никому не правев муабет...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
За време на оброците, господин Мервин, застануваше токму пред главното јадење, сè делеше тој самиот... се обидуваше да ме натера да правам муабет.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Со него си правам муабет...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)