прави (гл.) - компромис (имн.)

Исто така, ако се знаело дека повеќето мажи што си ги посакувал додека си растел сигурно ќе те одбиеле, и тоа не поради твоја вина, па уште и ако забранетата желба по нив затоа ти била осудена да се искажува само во соништата, во безнадежни мечти за сексуална оствареност и за романтично блаженство, тогаш си немал никаква причина да му дозволиш на светот да ти ги ограничува мечтателствата и да ти го ограничува мечтателскиот светокруг на тесното поле на возможноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Имаше и други моменти, кога беше решен да не признае, кога секој збор мораше да му биде изнудуван меѓу два лелека од болка, а постоеја моменти и кога немоќно се обидуваше да прави компромиси, велејќи си: „ Ќе признаам, ама сѐ уште не.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И така, кога најпосле ќе дојде времето да се напушти тој свет на сништата, можеби ќе ти биде тешко да правиш компромиси со едноличната стварност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)