прави (гл.) - друштво (имн.)

Таа како и обично си сакаше познати фаци, а мене не ми се баш секогаш на приоритетна листа но, што е тука е, таа се запали на него, а јас морав или барем требаше да бидам пријателка и да ѝ правам друштво.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Бев со него во Охрид да му правам друштво тој да се запише на факултет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ако немаш ништо против, и јас ќе ти правам друштво. - Против?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На сите им определил денови кога ќе доаѓаат во манастирот во текот на годината за да има постојнао во манастирот луѓе за да му прават друштво и да го веселат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Повеќе одошто можете да замислите. Но можам ли да ви правам друштво до некаде?“ ја праша.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некои прифаќаат и ми прават друштво, некои дури и уживаат додека се налеваме со по една, втора, трета тура...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Така, во огромен број на детски одаи подмладокот на бившите Југословени изнареди еден куп каначки, да им прават друштво на Илјада зошто илјада затоа и Како се калеше челикот.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Го прашав Земанек заедно да пишуваме; тој рече дека не сака; го замолив барем да ми прави друштво, оти имав намера цела ноќ да седам и да работам; рече дека не сака; по часовите позајмив една машина за пишување од еден пријател и се зафатив со работа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За да му прави друштво, и таа си нали неколку капки од ракијата, на дното од чашката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)