прави (гл.) - анализа (имн.)

И покрај истакнувањето во нивните извештаи дека Македонците сакаат автономија и отцепување од Кралството Југославија, британската политика Македонија несомнено сепак ја гледала само во рамките на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Правеа анализи, графикони, поставуваа поставки, се жестеа, длабеа, но никако да го откријат подмолниот уривач.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа, од своја страна, го зголемувало интересот на британските дипломатски и конзуларни претставници во Кралството Југославија кои, во своите извештаи, правеле анализи за етничката припадност на населението во Македонија, како и на политичката, економската и социјалната состојба.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)