појде (гл.) - нагоре (прил.)

Ако тргне надолу, по патот покрај брегот, набргу ќе избие на границата, а не беше особено страден по средби со властите и нивните органи, а не гаеше ни тајни копнежи за бегство по Америки; ако појдеше нагоре, над низата викендички меѓу скоквите и желките, отаде голиот рид ќе се изгубеше во фронтовските ровови од Првата светска војна, низ кои уште можеше да се сопнеш од некоја рѓосана граната или барем на закопани чаури, од пушки до топови - за што инаку требаше да си подготвен, а не вака разгаштен за летување.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Еј, што ти е ова долу? - Каде? – таксистот не стигна ни да запраша, а Хорацио бргу се наведна кон подот и зграпчи нешто.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ги замоли двајцата колеги, шоферот и една постара колешка, да појдат нагоре по патот, кон буковата шума - и онака застојот изгледаше дека ќе потрае.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Не знаеш кој е Песоа? – раката (актерски, помисли таксистот), се одлепи од мекото лежиште на образот и појде нагоре, до самиот покрив на автомобилот: Голем поет. Португалец.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)