појави (гл.) - таа (зам.)

Пееја, пееја, до зарипнување. Најпосле на врата се појави таа - сета во прозрачна свила.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Се поначесто се појавува таа мрачнина, небаре е сенка од светлина што трае.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И штом помислив така, се почувствував мал, зашто одеднаш пред мене чиниш се појави таа и ме гледа со своите големи сини , тивки и насолзени очи; ја чувствував топлината и горчината на мајкините солзи. Многумина како мене свртеа глави и многумина како мене се засркнаа од липање.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)