почувствува (гл.) - погоден (прид.)

Предложи да ручаме во градината. Почувствува погоден миг за тоа!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше веројатно прв пат да почувствувам како јадот и лутината, се прелеваат и во мене и како со лутината се јавува и потребата да се искаже таа лутина, или барем да се стори нешто што ќе ја намали.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира дека не се почувствував погоден од алузиите што беа и премногу нагласени. Па сепак, сочувствував со мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)