почувствува (гл.) - негов (прид.)

Ноќта го повикува денот еднаш, барем еднаш да дојде да и ја осветли душата, да го почувствува неговото сонце да и го стопли срцето да ги разбрка ѕвездите и месечината... да ја успокои, да и даде мир..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Киро ги почувствува неговите прсти околу вратот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Некои луѓе, кои ја почувствувале неговата скапоцена грижа во пресудни мигови од нивните животи, астрофизичарот Паскали го сметаа за најдобар човек на планетата Земја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му се причинува ли дека гласот на Сириецот старечки затреперува, или тоа што очевидно се спласнува, се смалува е поради напнатата тупаница на мигот што ги дроби сите присутни: - Кога го зграпчив, кога ги почувствував неговите пори врз моите...бев момчак во несопирлив трк.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И во еден момент ја почувствував неговата цврста рака како ме прегрнува и пријатно чувство проструи низ моето тело.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ги почувствував неговите дебели усни на вратот, кои гореа од желба да ме имаат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Чашата тешко вино, која Рада ја пиеше голтка по голтка, како да сакаше да ја почувствува неговата моќ.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Само ја почувствував неговата рака што топло ме прегрна и ги видов солзите во неговите очи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа отвори една мешунка, го извади крупниот и натискан грашок и ја почувствува неговата тежина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бездруго е голема загуба ако животот мине без да се искуси ова нешто, без да се почувствуваат неговите витални сили врз разумот и имагинацијата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го зеде плодот. Ја почувствува неговата беспомошна сочност.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ги затворив; тог ми ја крена кошулата; следниот миг почувствуав како нешто ми капе во папокот, и следниог миг го почувствував неговиот јазик во него, во папокот; срипав и ги отворив очите; „Јан Лудвик, што го правиш тоа?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И од него читателот најавтентично може да ја види преданоста на Орце кон гемиџиското дело, поточно, да ја почувствува неговата љубов кон својот народ и кон својата татковина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Го почувствував неговото будење во присниот, добродушен поглед, кој видливо оживуваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Ајде, едно крилце барем. Добро е за тебе, - го слушнав гласот на Дино како да доаѓа од некоја длабочина и ја почувствував неговата нога како под маса ме подбуцнува пред лажицата полека да ми црпне едно крилце со налепен масен ориз.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Аман, што ѝ направи па сега? - го повиши тонот свекрвата и ме погледна зачудено.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Просто го почувствував неговиот поглед со чувство како некој помија да ми истура на вратот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Го погледна секретарот Јаворов, го почувствува неговото одобрување, и гласно рече: - Товариш Ленин, на Осмиот конгрес на Советите на Русија, на 20 декември, 1920 година, рекол дека комунизмот се Советите плус електрична енергија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Можеше да се почувствува неговиот здив, тој атмосферски часовник наспроти механичкиот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)