почувствува (гл.) - во (предл.)

Оваа „секундарна“ блискост никогаш не е толку добра како „примарната“ блискост која човек треба да ја почувствува во детството, но е подобра отколку ништо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но и тоа е подобро од чувството на потполна жртва.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Лечејќи го Бојс и учејќи го како да се лечи самиот, Татарите му дадоа втора, посреќна прилика, како возрасен, да ги почувствува топлината и присноста од кои порано бил лишен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јас немав време да ја почувствувам во моментот сета гордост од ова признание - таа ќе настапи попосле - зашто брзав, и не мислејќи да исфрлам како без душа: „Господине, уште не дојде мајсторот за чевлите”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Лутеше толку многу, што заборавив на сета убавина, што ја почувствував во оваа кујна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа најмногу се почувствува во изразите на лицата кај моите пријатели од Париз, на кои веднаш се отпечати носталгија по родниот крај додека со трепет во душите ја слушнаа песната и ги гледаа македонските пејсажи од Преспа, Охрид, Битола...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Треба да се почувствува во себе и да се чекори со неа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нејзината горчина ќе се почувствува во многу настани од историјата на царството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Именувањето или промената на големите везири, неретко ќе бидат најавувани со големи тепсии баклава.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според мене, скептичниот пубертетлија, за човек кој дотогаш водата ја почувствувал во ленинградските бели ноќи, на Нијагарините водопади или во оазата сред Сахара, ова беше пресмела изјава.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сепак, последното јавување на Рада и среќата што ја почувствува во нејзиниот глас ја направија среќна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во сето тоа и во што не друго жените навистина генијално се снаоѓаат, но нема итрина со која таа мажот ќе го спречи да истече; уште од нејзината спарнина неговиот пенис ќе ја почуствува во предворјето, меѓу нејзините нозе, пред да ѝ го доставил, уште не брцнат целиот внатре, уште ниеднаш не повлечен наназад за да ѝ го втера пак и да почне да ѝ го напумпува и испумпува она задоволство што доаѓа од сѐ подлабоко и подлабоко од телото додека не почне да се црпи од капиларите на кожата по целото нејзино тело.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ги почувствува во својата крв сите свои дваесет и пет зими и, не сфаќајќи како го бара својот спас, се завлече во касата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа не успеа да каже ништо, не успеа ни да се помрдне пред неговата рака, иако тоа беше првиот импулс што го почувствува во тој момент.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога почувствува во рацете дека јас нејзиното барање го исполнувам, таа тогаш, додека јас се спуштав на колена лизгајќи ѝ ги дланките преку колковите и по слабините надолу, го отпаша коланот од бањарката, се разголе откривајќи се пред мене без гаќи, со своето тело како целото излеано од млеко, ми допушти да ја изгледам па ми ја стави дланката од својата десна рака на темето и додека ги подвиткуваше нозете во колената и ги подрасчекоруваше, ми ја стегна главата, просто ми се навре на лицето...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо, здогледувајќи ѝ ги нозете над коишто високо се вишеа нејзините рамена, почувствува во себе некоја сила што чиниш сакаше да го фрли кон неа како ѓулето од топовската цевка кога ќе прсне капислата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Шекспир тоа го почувствувал во “Отело”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Таа сака барем малку да се почувствува во домашен амбиент.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Вам ви се гади од мојата искреност. (Пауза) Ни треба туѓа голема несреќа за да ја споредиме со нашата мала несреќа и да се почувствуваме во предност.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тој штракна со забите и јас - од болката што ја почувствував во рамото - се онесвестив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Почувствувала во животот што значи бомбардирање и од тоа не можеше никогаш да се ослободи...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа во младоста го беше спасила семејството од бомбардирање во старата куќа во Подградец, крај Охридското Езеро.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека стои така навалена со рамото на ѕидот и потпрена на патерицата, телото ѝ се празни од оној удар што пред малку го почувствува во градите.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Го изненади студенилото што го почувствува во мигот на ракувањето.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Татко, кога нѐ виде сите собрани, пред куќата, на прагот, готови да полетаме, како семејство, кон најблискиот облак, за да ја минеме границата, веднаш, по силната возбуда што ја почувствува во мигот, претпостави дека Мајка или го насетила денот на конечното заминување или веќе наминал претпазливиот Гури Порадеци којшто, свесен за критичноста на мигот за опстанокот на побратименото семејство, не сакаше ништо да му препушти на случајот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)