почувствува (гл.) - топлина (имн.)

Таквиот живот ста­нува контрадикција помеѓу внатрешните чувства на неадекватност и надворешните активности.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во неговата уметност, значи, се префрлувал напред- назад помеѓу улогата на овчар кој се грижи за стадото - извор на топлина - и на стадото на кое му е потребен овчар за да се стопли.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Лечејќи го Бојс и учејќи го како да се лечи самиот, Татарите му дадоа втора, посреќна прилика, како возрасен, да ги почувствува топлината и присноста од кои порано бил лишен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А тие беа Бојсовите добри родители, кои му ја обезбедија нужната нега и грижа која ја поправи разорната емоционална штета што ја направија неговите лоши родители, а подоцна и вистинските, физички повреди од кои настрада поради своето лошо владеење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Без овие супститути на добри татковци, Бојс можеби никогаш немаше да стане уметник, а посебно не уметник од поголемо значење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не можам да мислам на Бојсовата уметност а да не помислам на забелешката на Хајнц Кохут дека „нарцистичко пореметените лица се наклонети кон тоа да не можат да почувствуваат топлина или да останат топли.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На десното рамо почувствува топлина и трпеж на прстите. Дланката во крв...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Господи, чувај и од голема болка и од голема радост... се засркна во липтеж и се стресе кога врз скрстените раце почувствува топлина од сопствените солзи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Гледајќи на едната страна на мостот почувствував топлина во душава, а во истиот миг студена болка во градиве, очајна вознемиреност ми ги замрзна солзиве, гледајќи ги созлите во очите на страдалниците.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Немав зборови, на ништо не мислев, само вознемирено и во исто време скаменето гледав во мостот на белото платно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Почувствував топлина на домот, отсекогаш толку скромен сега ми се причини најсветол и најубав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таа можеше да ја почувствува топлината и силината на неизговорената љубов на Даниел, и нејзината љубов ќе беше целосна ако нејзината болест не беше дебела сенка врз тој светол пејзаж.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На својот образ ја почувствува топлината на нејзиниот здив, а со носот го почувствува нејзиниот мирис.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога утредента се разбудив, ја почувстував топлината на течноста до подбрадокот и заклучив дека некој крвен сад од носот решил да излезе од системот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Петра ја почувствува топлината на внучињата притиснати во неа како да ѝ беа најтопла роба.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ами ако почувствува топлина од што туку поткренат газ?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога виде како си ги плескаат дланките, почувствува топлина врз својата десна дланка, ја протри со левата и се вцрве.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Татко ми беше, ми се чини, многу строг спрема мене, еднаш да почувствував да ме погали или со раката да ми ја допреше главата, да почувствував топлина родителска.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ја почувствува топлината на Татковите усни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)