почувствува (гл.) - носталгија (имн.)

Многу години подоцна, во едно дождливо утро, наполу разбудена, таа се сети кога за првпат ја почувствува носталгијата за никогаш недоживеаните нешта.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ако тогаш бев носталгична за родителскиот дом, за мојот град сега почувствував носталгија за моите осумнаесет години.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Разбудена од бакнежот, просветлена од необјаснивата убавина што може да ја предизвика простата физиологија, тогаш, во далечната летна вечер, таа почувствува носталгија за тој чудесен свет што никогаш пред тоа не го доживеала.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)