почувствува (гл.) - некој (зам.)

Низ гужвата почуствував некоја мешавина од евтин парфем и испотена мишка, но таа смрдеа и не беше толку страшна колку онаа духовната која лебдеше низ воздухот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Мирисот што се креваше од чанчето беше толку силен и возбудлив, што го затворија прозорецот, за да не го почувствува некој однадвор па да стане љубопитен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По неколку години од возбудливиот настан со сестра Ангелина, почувствував некоја чудна сила која ме тераше да го пронајдам и извадам портретот, повторно да му се навратам, да го поправам, да си го окајам гревот. Големиот грев.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Сестра и на Нада, - рече, и при тоа споменување на името на мама од него пред Вера почувствував некоја чудна нелагодност.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тогаш почувствува некој шум зад себеси. Цивко се скочани.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Вчераутро, на пример, по доручекот во 9:00 часот, со длабоко воздивнување, погледнувајќи во часовникот од каршија, почувствував некоја мачнина од бавното минување на времето и од помислата за преостанатите 8 работни часови кои требаше храбро да се издржат.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Потоа набрзинка исчукав: дклфјгхскдјфјкл;дгјксхдиејгкдјџјцнвлсдјгкдјфгкјсфзсдклфјдфкбгд Како да почувствував некоја чудна миризба. Гравот!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Капките многу силно се удираат од ламарината и се распрснуваат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таа му го прегрна рамото со двете дланки, се навали со лицето на него и малаксано му рече: „Те сакам“, му рече, само не знаеше зошто одеднаш, штом овие зборови ги изговори, во душата почувствува некоја длабока и болна празнина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ги виде ѕвездите и како да почувствува некое задоволство што им го гледа истиот оној распоред каков што го гледаше и порано како дете и младич, пред да замине од селово, зашто потоа, скитајќи по светот, секаде тој распоред - му беше различен.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)