почне (гл.) - полека (прил.)

Никогаш не дозволуваше да се однесуваме лошо со мајка ни.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Потоа настапи Александар (неговиот помал брат од Берлин) со лонг плејките со музика што беше тренд во седумдесеттите и нашиот татко почна полека, додуша малку тврдоглаво да ги прифаќа промените...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
За да биде поубаво, таа во еден момент толку се изгуби што право во камерата упати еден вистински A-look.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таа кон него низ целиот тек на емисијата се однесуваше како кон некој досаден давител од автобус - постојано му испраќаше непријателски погледи во стилот што-не-се-откачиш-од-мене-веќе-еднаш.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И тогаш Мерв почна полека да сфаќа дека Бригид и нема да биде толку пријатен гост и беше во право.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тогаш, наеднаш замавна со гудалото во воздухот и почна полека да се оддалечува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со втората Ване седна па почна полека да ја отпива, внимавајќи да ги оближе сите суви места во устата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Така мразот околу неговото необично сликарство почна полека да се топи, навистина прво однадвор а потоа и однатре, макар што жарта беше во неговите платна, а само повремените пламенчиња срамежливо околу нив.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога завршив, а бев немоќен да ја нарушам неговата тишина, тој почна полека да станува од фотелјата. Тешко се исправаше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога уште еднаш се исправи, канџестата шепа почна полека да се повлекува, оставајќи ја зад себе распространета и долготрајна болка, предизвикана од почетната претрпена повреда. Но болката не исчезна целосно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но не требаше да се плаши од тоа, зашто, кога почна полека да се исправа, за нејзино големо олеснување, шепата благо го олабавуваше својот стисок, дозволувајќи ѝ да го исправи телото, со не толку остра болка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога го допре подот, фигурата кратко застана и потоа почна полека да се движи кон него, чевлите со кочен ѓон крцкаа по цементот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го зедов парчето креда од фиоката на масата, се расчкорив пред таблата и почнав полека да пишувам: Господин Поповиќ е...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Отец Стефан полека се приземјуваше; жилата веќе не му чукаше како ровја на вратот, и почна полека да го обзема блаженство, оти стануваше збор за неговите заслуги.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Стана од столчето и почна полека да чекори од еден до друг крај на празната соба, лесно допирајќи ги со прстите на нозете камените ѕидови кога ќе стигнеше на едниот или на другиот крај од собата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сѐ уште потпрен со грбот на ѕидот, со прстите од едната рака заплеткани во русата коса, Македонецот ги читаше испишаните папируси.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Низ прозорецот почна полека да навлегува бледата светлина на далечната зора.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ги држеше само последната алка, која пред очите на Рада, не издржувајќи го товарот, почна полека да се отвора, да се кине.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше сам и беше слаб, му идеше да вреска од тоа, застанат, како исфрлен на снегот; за него не сакаше да поведе сметка ни оној стар мршар, што почна полека да се довлечкува кон крвавата паласка под неговата стреа, како воопшто да не постоеше никој како него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле стоеја. Сега, исто така внимателно, почнаа полека да го спуштаат надолу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Почна полека да се прибира, да испитува околу себе, обидувајќи се да ги среди мислите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш почнавме полека да ја насетуваме прекрасната вистина, односно причината за нашата тајна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стравот што го покажуваше Сија Хаџибанова почна полека да ја префаќа и Ѓувезија Дубровска. Ѝ се заденуваше како сипаница, како коњска мува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сè додека Господ ни дава сила, ќе продолжиме да зашрафуваме челични греди, да ги редиме една врз друга, сè повисоко и повисоко, а по нас, ќе продолжат нашите синови, и никој од рамниот град Париз нема да дознае, обичните смртници никогаш нема да го сфатат тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога се врати дома, веќе веруваше дека во Авонос ѝ останало нешто повеќе од едно перче коса и дека дома си дошла сосема празна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со одминувањето на времето, пијалокот ја загреа, нејзината напнатост почна полека да омекнува, погледот да ѝ ја губи острината, лицето да ѝ се ослободува од грчот, снагата да ѝ се размрдува и со прстите да потчукнува на масата под тактот на музиката од грамофонот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во стравот и паниката магарето тргна уште посилно на оглавот да се ослободи, но тоа беше кобно: уште повеќе се стегна и почна полека мевот да му се надува, да му се полни со вода, да му расте, и по малку пливна над водата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Барбошин почнува полека и малку недоверчиво да ја разгледува својата дланка.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Наместо тоа, почна полека да ме турка надолу. Јас не сфатив што сака.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сепак, како што деновите изминуваа, нивните односи како да се сталожуваа; почнаа редовно да се среќаваат во нејзината викендица во Лагадин; Едо почна полека да се смирува па дури да се прекорува поради своите, како што сега му се чинеа, претерани сомневања во неа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега внимателно Србин ја здобави и тамам почна полека да ја врати матарката за да може камчето со лизгање некако да излезе одвнатре, кога, оној од зад ѕидот рече на цел глас: - Што се шуњате овде мајку вам вашу!
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Бугарите! - рече некој па и другите загледани назад почнаа полека да одат натаму готови секој момент да спрснат да бегаат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ми ставија на глава железен венец и почнаа полека да го навиваат, да го стегаат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пандо ги погледна сликите, а потоа, без да рече збор почна полека да чита: “16 ноември 1940. Сорович.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нумо го зеде весникот и почна полека да го прелистува.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Носот почна полека да ѝ се движи горе-долу, но од телото не мрдна ни мускулче, концентрирано гледајќи пред себе во масата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Справи си се со проблемите сама.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Почна полека да ги откопчува копчињата на палтенцето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Од торбата извади крпа и рече: - Да те подмијам малку... - ја наводени крпата и почна полека и нежно да ѝ го брише лицето, вратот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Циљка сврте глава на спротивната страна и сега виде како отаде трапот - небото почна полека да се разведрува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Натежнатите клепала се спуштаат полека, ја совладуваат свеста и упорното противење и почнуваат полека да се губат во маглата најблиските ридови и... грмнува долу во трапот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се поклонив и почнав полека, уште потажно изгледаше во салата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас не сакав, а тој почна полека да ми вика зашто сум му се спротивставувала.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И таа почна: Сираче!… но без смисла и жар, брзаше весело. – Ајде сега ти Милице, ми рече, а јас почнав полека да рецитирам, внимавав на точка, запирка и видов веднаш дека на учителот му се допадна, но сепак рече: Ќе видиме кој од вас двете ќе настапи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Шумата почна полека, полека да станува сè погуста и сè потемна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Шумеше и ги подаваше кон нас гранките како да се тоа илјадници раце и прсти што сакаат да нè допрат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)