почне (гл.) - нагло (прил.)

Грчот што ме беше стегнал во моментот кога Ана (кога Маргарита) почна да се качува по скалите кон коишто мене пристапот ми беше забранет, почна нагло да попушта под дејството на некаква сонлива малаксаност, пред статуата од бавни скали; одбив да мислам, доволно ми беше да знам дека и понатаму ја гледам, дека црвената чанта се качува кон улицата, дека со секој чекор црната коса ѝ потреперува врз рамениците.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)