почине (гл.) - пред (предл.)

- „Господине, баба ми почина пред десет години. Не знаевте?“
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Вашиот татко почина пред неколку часа од излив на крв во мозокот. Жал ми е, ништо не можевме да сториме.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ме погледна зачудено Масим, синот на стрико Бојан, ја подотвори устата во чудо, ги ококори очите и прекорно ми рече: Какво писмо ти пратил татко, кога тој почина пред една година во Домот за старци во Катланово, го погребавме по сите обичаи на градските гробишта, му правевеме помен на четириесеттиот ден и парастос на годината од умирањето?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)