почести (гл.) - и (сврз.)

И пазарот се свршува докај ужина, но нашите свадбари ќе преноќеваат и оваа ноќ, да се почестат и вечерва со тава риби, оти света Петка не дава мевце. A за винце — пак ќе се напијат, ако им остане по некој динарец од денеска, ако не, ќе запише Селчанецот, тако што запиша и Мечето од Пушмарка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Марковски, почестен и задоволен што остана вработен и тоа на истото работно место, не ни претпоставуваше дека периодот што следи ќе биде сосем спротивен од неговите очекувања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)