почека (гл.) - додека (сврз.)

„Сум спиел половина ден“ - помисли, па ги присобра жарчињата, стави врз нив неколку суви дрвца и почека додека вивна пламенче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Жена ми почека додека се оддалечија луѓето, а потоа накрши лисни гранки и на куп ги собра пред прчот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Почека додека настана пауза од гласовите и тогаш го прати својот глас нагоре, кон лавиринтот од дрвенарија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Им остави еден час време на терачите да почекаат додека тој со другите двајца чекачи се искачи до местото каде што треба да чекаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во весниците пишуваше дека Валери дошла многу порано, но, бидејќи ме немало, решила да почека додека не се појавам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Доаѓаат“ - си помисли, па веднаш нафрла суви, танки дрва на веќе стивнатиот оган, почека додека малку се разгоре, запали иверка борина и излезе со неа пред колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Погледнуваа скришум во сонцето и колнејќи ги во себе Дамческите, Турците, судбината христијанска, ги наговараа жените да се стрпат и да почекаат додека да се попристемни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)