почека (гл.) - уште (прил.)

Почекај уште некој ден па ќе си одиме.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
ДИМИТРИЈА: Не мораат ни да дојдат. ВЕРА: Да почекаме уште малку.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ако почекаш уште малку наместо ти него тој ќе те исфрли тебе. Овој стан е на оној што ќе се избори за него.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Најголемката сака да ги прескокнува сѐ уште нераздвижените, кога Чана ги крева рацете и со нив чиниш пак ја затвора вратата Да почекаме уште малку!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Почекај уште малце, дури да му ги симнат сите влакна до едно од облеката. А јас ќе одам пред вас. (Тргнува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
На Мишко му беше жал. Почека уште малку и кога виде дека врапчето не се враќа си седна до печката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Момент само, почекајте уште малку...” - вели д-р Астерид.  „Што барате? Кажете што барате!“ - вика Хана Голблум среде црвениот салон на свекор ѝ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
СПИРО: Ама чорбаџијата ми заповеда...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)