потсети (гл.) - и (чест.)

Освен раскажувањата, макар и многу површни и колебливи, во моето семејство од колено на колено, за мојот предок, а исто така и меѓу жителите на селото, во овој случај имаше барем две совпаѓања: прво, човекот што го споменуваше Јохан Барт под името „Поцо“ беше од Маказар, од каде што потекнував и јас, а и парчето метал со написот „Поцо“ се најде во Маказар и второ, се потсетив и на тоа дека мајката на Надежда, старата, во една прилика пред да почнеме со копањето на бунарот, ми рече дека, според нејзиното сеќавање на раскажувањата на луѓе, на тоа место некогаш веќе постоел бунар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше помлад човек, се потсетив дека еднаш го бев сретнал во една од продавниците на Маказар додека купував некои нешта за себе таму. Се потсетив и на името, Јован.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да се потсетиме и на – Фелини кој јавно изјави дека неговиот филм „Осум и пол“ е правен под дејство на психеделичкиот фактор!
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
„Не е точно!” збесна Профим. „Тој е овде роден... Ако си заборавила, ако ти е сматен умот, можеш да се потсетиш... Можат да те потсетат и фотографииве...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)