потпре (гл.) - со (предл.)

Јас се одвлечкав полека во училната, се потпрев со рацете на колена и тажно ги гледав големите чевли на моите нозе, што влегоа во мојот живот како некои живи суштества, сведочејќи ми за студената пресметливост на светот што ќе го газам со нив.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ќе влезе учителот на час, а таа по малку ќе се заниша низ дворот и се потпира со грбот врз стеблото на сливата: плете некакви чипки и бедени што никогаш немаат крај.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ќе прелетаат тие некаде над селото, по небото кое зачадените оџаци го потпираат со високи столбови синкав чад, ќе го чуе и старо и младо, па ќе почнат оние познати разговори за некогашните зими, за случките во тие зими, а децата разгртаа двојни уши и слушаа, слушаа, сонувајќи го снегот што беше во разговорите на возрасните, во крикот на жеравите и во мирисот на студениот воздух.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Стариот велеше дека имал впечаток оти неговиот помал брат си заминал од овој живот без да е свесен за тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И покрај сите вакви збунувачки размисли, за нас смртта не е веќе она што претставувала за татко ми оној ден кога го пронашол својот помал брат во сенката на една од крушите кај Желкин рид потпрен со грбот на стеблото на престарената круша и со матарка вода во раката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа толку брзо го изговори тоа, дури и Баждар се збуни и шмркајќи зад брадата се доближи до мене и се потпре со едната нога на ѕидот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа утро, во аголот од големата сала на кафеаната, стуткан врз еден дрвен стол, потпрен со подланките врз масата седеше Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сѐ уште потпрен со грбот на ѕидот, со прстите од едната рака заплеткани во русата коса, Македонецот ги читаше испишаните папируси.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Налактен на масата, Савле ја мрмореше својата последна утринска молитва во колибата, оти срцето му кажа дека оној што зад него ги читаше неговите чкртаници е последниот што треба да го пречека и да го одведе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Земјата лесно се сурива и тој, потпрен со лакти и колена, сантиметар по сантиметар лази напред.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еден ден додека се печеше на сонцето потпрен со грбот на колипката и дремеше, чу плискање на весла и доаѓање на чун; потоа виде како низ трските се пробива кон него некаква жена облечена во црно.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Што направи, бре Бандо, што ти би да пукаш?“ го прашуваа луѓето, но тој молчеше потпрен со грбот на куќата; гледаше вземи и молеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Само малку е приподигнат со главата и потпрен со сламена перница под плеќите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И јас клекнав, се потпрев со колената на градите од отец Висарион и со двете раце го повлеков ножот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но ни зачуденост ни страв ни копнеж не можел да види на нежното лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
До двајцата од дружината дојде суроглаво и жмиркаво старче со чекор на претпазливо петле и чучна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби им рече на Самарија и на Арнаутче и тие да чучнат, да си поразговараат малку со составени глави, и можеби првиот веднаш почна да раскажува во што згрешил господ кога го создавал и кога го средувал светов (ќе се обесам ако на светов нема премногу иловица и камен!), но јас не се потпрев со дланки на прозорското дно за да зјапам во безделничењето на луѓето и да ги гледам како три згрбавени врани со сити црева.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако Доце Срменков сака да ги најде тие што си поиграле со оган, добро.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Попот се потпрел со широкиот грб на дрво и извадил од шарена селска торба полна со обезличени книги и маслени тетратки боцкава топка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се повлекла малку лежејќи, сега потпрена со лакот на земјата, додека со другата рака го стискала отворот на пребелиот лен под грлото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нешто морало да се стори: или ќе го пуштат да се бие, малку поднапиен бездруго да гине, или ќе го притегнат и озновски ќе го натераат да ги признае декласираноста, лумпенпролетерскиот анархизам и верската заблуда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа може да го стори со разум и без да го потпира со прст челото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ајде, удри, не молчи ми. Послушај го бајчево. Гавранот гледаше без разбирање, тапо, сѐ така потпрен со брадата на гради.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И не испивајќи ја чашата се потпре со чело на тврдата маса и брзо, неочекувано залипа како дете.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Седи на креветот потпрен со перницата на грбот и гледа низ прозорецот: надвор ноќта е темна, опустена без ѕвезди; затворена сама во себе; се оцртува по некое дрво во градината како оглоден скелет; допира грозен глас на петел како фатен за шија.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Духот му стануваше поактивен. Ќе седнеше на креветот од штици, потпрен со грбот на ѕидот и со табличката на колениците и свесно почнуваше да работи на обновување на своето образование.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Отсекогаш ли беа тука овие видици од црвоточни куќи од деветнаесеттиот век, со ѕидови потпрени со искосени греди, со прозорци закрпени со картони и со покриви од 'рѓосана тенекија, со смешни дворни ѕидови накривени на сите страни ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го потпрев со секирата наместена на другото рамо и тргнав назад.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јас пак, за да не ми бегаат нозете надолу, сум ги потпрела со камења.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гробот беше оштетен, поради стрмината на земјата низ која течела вода, но од другите три страни го заградуваа гранитни плочи, потпрени со камења.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Изградена на рид, со многу убав трем, потпрен со четири мермерни столбови.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)