поткрепи (гл.) - културен (прид.)

Поддржуваше голема комерцијална инфраструктура, во која спаѓаа не само баровите, бањите и другите својствени сексуални институции туку и локален, месно заснован печат и други облици на комуникација,441 сосе книжарници и кафетерии.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа создаде двигателска подлога за политичко геј-движење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа ја создаде онаа масовна јавност која е суштинска за да се поткрепи културна сцена што е во процут и да се вдахнови постојан политички вриеж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Поточно, од релативната изолираност на гратчињата или од селските подрачја, геј-мажите се селеа во одредени градски подрачја, во таканаречените геј-гета што се обликуваа во главните велеградски центри. ‌Концентрацијата на многубројните геј-луѓе во одредени урбани маала имаше решавачки политички, стопански и културни последици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-гетата, со други зборови, побудија нови облици на живеење. ‌Луѓето што ги воспоставија тие гета не беа, главно, народ од средната класа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)