поткрене (гл.) - кон (предл.)

Главата ѝ е потпрена на нарамникот трески што ги носела и едната рака ѝ е поткрената кон челото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мартин му ја прегрна раката, се поткрена кон неговото уво и шепна: - Тате, тој е! – рече и пак ги почувствува сите студени морници како му јурнаа по малото топло, тукушто разбудено тело.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зачекорив во канцеларијата , а Вртанов не се ни помести од столот, ниту пак погледот го поткрена кон мене.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)