поткрева (гл.) - рака (имн.)

Јас ја фрлам урката сосе појасмо, се источкува вретеното и трчам, ги поткревам рацете како крилја и летам: лет, лет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Музиката ќе засвири, а јас веќе ги поткревам рацете, ги ширам ко крилца пред полетување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се загледав во неа, и видов како ја поткрева раката и ми мафна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И јас ја кренав раката и ѝ мафнав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)