постои (гл.) - огромен (прид.)

Во Лондон постоеше огромно количество криминал, цела една држава-во-држава од крадци, бандити, проститутки, растурачи на дрога и рекетари од секаков вид; но бидејќи сето тоа се случуваше меѓу самите пролови, не беше важно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа значи дека постои огромна дискрепанца у соодносот 1 богаташ на 10 шмизли, што укажува на фактот дека, сепак, поголем број од шмизлите ќе останат со прстот у уста.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Центарот е, мислам, отворен неодамна, постои огромно интересирање и навалица од посетители”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Отец Иларион по малку молчење и отпивање на чашата, рече: - Меѓу душата на човекот и душата на животните постои огромна разлика; тие души се неспоиви.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во Париз постои огромен прилив на нови жители, градот расте, но тоа се прави со една рамномерност.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)