постои (гл.) - таков (зам.)

Како може да постои таква душа тесна .
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Меѓутоа, и самиот бил импресиониран од организацијата на селата во делот на Македонија под Грција, “но преку границата во Македонија не постоеше таква организација“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Точно е дека не постои таква личност како другарот Огилви, но неколку отпечатени редови и една-две лажни фотографии набргу ќе го направат да постои.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зарем може да постои таква убавина, таква чедност...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За помалото и поголемото Немаш дечко, немаш, па одеднаш – оп, две прилики! И тоа добри. Едниот од Танзанија, другиот од Танганики (ако постои таков географски поим).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И потем Фисот ме фати за коса, ѝ рече на Луција „Избриши го“, и таа потем долго ме бришеше со шамичето; гледав солзи во нејзините очи; тоа не беше онаа Луција од разбојот, којзнае дали некогаш воопшто и постоела таква Луција, си мислев; гледав пред себе жена во солзи, сподобие страсно во писмо што го преточив, во песни; жена со очи гулабови; со коса како стадо кози, кога слегуваат од Галадската гора; со заби – стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња и јалова нема ниедна; со усни – алова панделка, со уста слаткоречива, со јаготки на лицето како половинки од калинка; вратот ѝ е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ѝ се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; еве ја, плаче пред мене и ми ги подава рацете, и вели: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; еве ја, стои пред мене и јас ѝ велам: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ма, глупости се тоа...“ „Мислиш дека не постои такво шише?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А помеѓу мене и Милошевски мислам дека постоеја такви а и други пречки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А малку подоцна не бев сигурен од каде наиде и она, најпрвин сосема нечујни а подоцна сѐ појасни и појасни гласови : - Не, навистина немам уште сретнато човек кој сонува буден – беше тоа глас на позната жена, а не можев да се сетам која?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значи наеднаш почнав да го уверувам пријателот Господ дека сѐ она што сум го рекол пред малку сѐ тоа ти се чисти лајна, се разбира во колку постојат такви: ем чисти, ем лајненца.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Човеков само се труди да ги задоволи формалностите што се запишани негде во Правилникот (ако постои таков Правилник).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зборовите се за арч. Само за тоа. Не се шегувам. Постојат такви зборови.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Понекои од нас толку многу ги имаат што без престан ги расфрлаат околу себе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И ќе си имаат различни судбини, толку различни, за да не може да поверува никој дека можеле да постојат такви судбини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)