постигне (гл.) - консензус (имн.)

Ова отстранување на критичкиот дискурс придонесува за деполитизација на јавната сфера и нејзино осиромашување, со штетни последици врз демократијата: „Процесот на политички релевантното практикување и балансирање на моќта сега се случува директно меѓу приватните бирократии, здруженијата за посебни интереси, партиите и јавната администрација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Јавноста, како таква, е вклучена само спорадично во овој круг на моќта, па дури и тогаш е донесена само за да го обезбеди аплаузот“.98 Во капитализмот на социјалната држава и масовна демократија, јавното мислење повеќе не се формира низ отворена и слободна критичка дебата, со користење на рационална аргументација за да се постигне консензус; наместо тоа, тоа е администрирано и управувано од политичките и медиумските елити.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)