постеле (гл.) - на (предл.)

Требаше да му постелиш на женскиот кат, ама ете а грешиме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се напив топол чај. Така опуштена, како мече, се послав на топлата постелнина со бобичести шари и мирно заспав.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ја израмни од едната страна отсечувајќи ја колку што може на крајот, ја посла на душемето, зеде едно парче за урнек од исечените и со него почна да мери и со ножот да бележи каде ќе ја расечува.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Им послав на децата. Им ја фрлив рогузината на чардакот, и така им седам, долу, кај нозете, стрежам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Невестата Менка веќе беше ја зела рогузината, постилачот и нова перница и им посла на старите пријатели. — Собуј се, Петко, и повели, седни, одмори се.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И тие ќе се собереа околу нештата распрострени по најлонот послан на земја, некој ќе земеше некој спреј за муви, ќе се прснеше со него во носот, од силната миризба ќе се намрштеше и ќе речеше: „Не сум толку бадијалџија да тргнам муви по буништа да бркам!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Секој проматар, како што од нив бараше Брчалото, мораше својата пластична простирка да ја постели на горната страна крај плетот што ја оградуваше нивата на Митрета Маторицата, така што проматарите да не бидат распласнати кој каде ќе стигне, туку да бидат во еден ред како под конец.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)