поставува (гл.) - го (зам.)

„Кошер ли е виното, Моше?“ - го прашуваше мајка ѝ, поставувајќи го садот со слаткото пред него, а тој насмевнато потврдуваше со глава и ги вадеше новите костуми што деновите пред празникот ги шиеше за момчињата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Овој текст ја истражува оваа контрадикторна природа на границите, истовремено поставувајќи го прашањето дали е можно (и обидувајќи се да ја демонстрира неопходноста) да се надминат овие стари дихотомии на надвор/внатре, ние/тие, добро/лошо, ред/хаос и да се најде (конструира) трет простор, простор без ограничувања.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Намерно поставувајќи го во дневната соба, да ме потсетува дека времето брзо врви.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Поставувајќи го ова прашање како (моја) констатација, се поставува ситуацијата на „неразбирање“, „ненавлегување“ во суштината на системот на СОЗДАВАЧОТ, во создавањето на песната.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)