постави (гл.) - и (сврз.)

Ги премолчив моите јадови. Игбал го премолчи прашањето што очигледно сакаше да ми го постави и се упативме таму каде што тој реши да ме одведе:
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ете зошто македонската интелигенција, ако ги проучи подробно своите интереси, тогаш на прво место треба да постави и за себе и за својот народ: со сите свои морални сили да ја зачува целоста на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најголемиот проблем со кој се соочува секој Македонец е тоа што не знае како да се постави и да се спротивстави во случаевите кога е ебан у мозок и тоа соодветно да биде наплатено.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
По улиците на времето биле поставени и кошнички за отпадоци.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)