посочи (гл.) - пример (имн.)

Има народи кои постојат надвор од нивниот автентичен, прв или роден јазик! Но дали би можел да ми посочиш пример за тоа?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но стануваше очигледно дека Татко сакаше да посочи пример на одбрана космополитска личност од балканската историја од османското владеење, во која откриваше и модел за својата балканвавилонска судбина, која можеше да му биде блиска и разбирлива и на Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)