посети (гл.) - во (предл.)

Се сеќавам беше пуштен на викенд. Ме премоли после работа да го посетам во станот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се штрецна кога од маглата се појави сплаварот, оној кој беше ја еднаш посетил во сонот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На одење Јана, повеќе од пристојност ги покани домаќините да ја посетат во Бечеј.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа ми ги кажуваше приказните исклучиво усно и само кога ќе ме посетеше во Белград.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Непознат, кој веќе го беше посетил во неговите преуранети слики.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во прозорецот му удираше еден чемпрес, а чиј хороскоп го направија заедно со Марин Крусиќ кога овој последниот пат го посети во Блатието, каде што се глави како рибар на санџак-бегот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Немав обврски. Отидов за да го посетам во визбата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ова е идеално катче за живуркање на мојата молчелива судбина - ми се довери пријателот Господ тоа претпладне (зарем ова не се случи поминатата недела иако има поминато којзнае колку месеци?) и кај косината помеѓу левиот агол на неговта уста и носот заигра една испокината линија што зачас се смири.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога некој ти зборува за борба, за победа, за јунаштво, а не си го видел на прва линија, во долгите ноќни и истоштувачки маршеви под дожд и големи студои, кога никогаш не влегол и не останал заедно со тебе да преспие во влажните и мувлосани земјанки, не зачекорил во калливите ровови, не му посинало рамото од носење на митралезот, минофрлачот, сандакот со муниција, носилката со ранетиот, не те посетил во болница кога си бил ранет, никогаш не каснал мувлосан леб, не пиел вода од матна и каллива локва, никогаш не сркнал од булумачот – изматеното брашно во млака вода, не пасел трева и на пролет не јадел набабрени пупки и младо лисје, никогаш не ти ги видел раните преврзани со валкани партали, загноени, црвјосани, – таквиот не ти е мил...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Беа минале повеќе од десет години откако со дванаесетте Густави бев да ја посетам во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Се сеќаваш на мене?“, ме праша. Се сеќавав, иако Клара која ја познавав и Клара која сега стоеше пред мене беа две различни жени, а помеѓу нив зјаеше онаа бездна која го разделува брегот на лудилото од брегот на нормалноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе ја посетам во сабота. DD ПТ: Можеби е последен ден.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Маре, кога ја посети во селото, му објасни дека татко ѝ изгледа сега носи две болки.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)