попречи (гл.) - пат (имн.)

Тој, исто така смета дека претходните генерации не биле во право и дека не може многу да се научи од нив (ако тие и треба да се проучуваат тоа е главно заради идентификување на грешките со кои не навлекоа во форма на дихотомиски пристрасности и логоцентрични предрасуди.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој исто така чувствува дека традицијата треба да се надмине бидејќи таа им го попречува патот на новите гледишта што тој ги предлага.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Забележете дека на модернистичкиот етос не му недостасува единствено почит; тој исто така позитивно ги вреднува иновациите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но егзархијата, којашто вие уште од почетокот ја гледавте накриво, ви го попречи патот за емиграција, којашто вие ја експлоатирате уште од 1862 година па досега, по долго и горчливо искуство, ве прапозна кои сте и какви сте; а бугарскиот народ, кого вие го лажевте уште од почетокот на своето ослободување, ги одврати од вас очите откако ги одврати и своите надеж.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Судбината на овците и не е така лоша, особено ако се знае дека таа им помага само на силните и дека на умните не им го попречува патот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Гнев, несовладлив гнев му ја обзеде душата: - Како тоа само со пет души! - му се внесе јаросно во лицето на сопственикот и му го попречи патот, готов да ги закопа своите суштерни прсти во неговите мазни, потни подгушници, да ги раскине на парчиња.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Откако каменоделците по непресилената пијанка во манастирскиот двор отишле во пештерите на местото Богородица да удираат со чекани и да вообликуваат воденички камења за четинестите туѓостојбинци од некое село за кое тие и не чуле, се случило на еден час пред заод Арсо Арнаутче да ја сретне Фиданка Кукникова со нарамник гранки на грб и да ѝ помогне благоглаголив да ѝ се врати верата во луѓето - жена е, и светците ќе се симнат од икона да ѝ помогнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпрвин таа се тргала од него и се лутела што ѝ здодева, не била таа не знам каква секој да ѝ го попречува патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)